На ист начин како што групното финансирање (crowdfunding) им помага на стартапите да обезбедат финансиска помош, групните извори / краудсорсинг (crowdsourcing) во образованието помагаат да собираат информации за најдобрите образовни практики од различни луѓе и извори. Краудсорсинг е важен метод за подобрување на начинот на кој наставниците ја спроведуваат својата настава и учениците учат, а е користен од образовните институции во многу земји со успешни резултати.
Имајќи го тоа предвид, 6 организации од Белгија, Грција, Кипар, Ирска и Северна Македонија соработуваат во спроведување на двегодишен Еразмус+ проект ENTICING кој има за цел да ги едуцира и оспособи наставниците со вештини и алатки за примена на концептите и пристапите на дигиталните хуманистички науки во нивната настава.
Проектот ќе ги спои придобивките од краусорсингот со потребата за надоградување на дигитална подготвеност на наставниците по хуманистички науки во средните училишта преку зајакнување на нивните способности со нови алатки кои ќе го подобрат квалитетот на нивната настава и во исто време ќе ги направат подготвени да реагираат брзо во услови на итност
За таа цел, проектот ќе развие иновативна, приспособена и ко-дизајнирана програма за обука за да ги едуцира наставниците за краудсорсинг во дигитални хуманистички науки и да ги поддржи во подобрувањето на квалитетот на нивната настава.
Активностите на проектот ќе вклучат наставници по хуманитарни науки во средното образование, ИКТ училишни едукатори и училишни директори, ученици од средни училишта, Образовни институции, академски и истражувачки научници, Формални и неформални образовни провајдери и обучувачи и училишни наставници, граѓански организации и други клучни чинители, како и јавните власти.
Организациите кои работат заедно на овој проект се Универзитетот Пелопонез (Грција), KMOP Policy Centre (Белгија), Institouto Ekpedeftikis Politikis (Грција), КМОП Скопје (Македонија), CARDET (Кипар) and Spectrum Research Centre CLG (Ирска).
За повеќе информации, посетете ја нашата официјална веб страна: https://www.enticing-project.eu/ или контактирај те не на enticing-project@reframe-institute.org.