Конзорциумот на проектот ENTICING со особено задоволство промоцијата на наставната програма за краудсорсинг во дигиталните хуманистички науки.
ENTICING е двегодишен Еразмус + проект, кој има за цел да го надгради нивото на дигитална подготвеност на наставниците во хуманистички науки во средното образование, преку зајакнување на нивните компетенции и вештини кои ќе го подобрат квалитетот на нивната настава и во исто време ќе ги направат подготвени да одговорат брзо во услови на итност.
Развиена е наставна програма со низа задолжителни и изборни модули поврзани со хуманистичките науки, вклучувајќи иновативни содржини и различни методи за краудсорсинг, кои можат да бидат корисни за сите членови на училишната заедница, а се однесуваат на прашања како што се интердисциплинарноста и дигиталната писменост.
Оваа наставна програма се состои од 100 часа обука наменета за наставниците од средното образование: 85 часа асинхроно (самонасочувачко учење) и 15 часа синхроно (лице в лице) учење. Секој од 10-те модули за асинхроно учење се состои од главен теоретски материјал и е-лабораторија.
Преку серијата мастеркласи, наставниците ќе научат за различни процеси, средства и задачи кои се применуваат во проектите за дигитални хуманитарни науки и како тие се поврзани со педагошките трендови на хуманистичките дисциплини. Секоја дисциплина служи како поле на примена иако не е единствената што ги исполнува горенаведените односи. Секој мастерклас функционира како самостојна единица, а заедно обезбедуваат сеопфатна програма за обука.
За да добијат подлабоко разбирање за дигиталните хуманистички науки и практиките на краудсорсинг, учениците можат да посетат базата на студии на случаи на проектот која се наоѓа на веб-страницата на проектот и значајните случаи на краудсорсинг кои се реферирани во секој од Модулите. Исто така секој Модул содржи педагошки трендови во примената на хуманистичките дисциплини. Дополнително, базата на иницијативи и алатки за дигитални хуманистички ресурси поставена на веб-страната на проектот, содржи поширок спектар на релевантни информации за достапните најдобри практики и иницијативи во проектите за дигитални хуманитарни науки. Таа има за цел да го зголеми знаењето на наставниците и достапноста до квалитетни ресурси.
Мултимедијалните ресурси се предложени во третиот дел од главниот теоретски матерјал, за понатамошно проучување и продлабочување на знаењето. Во согласност со областа која ја покрива секој Модул, проектниот тим ги избра најрепрезентативните научни статии, академски предавања, кратки видеа, блогови итн. за практиките на краудсорсинг, педагогијата на хуманистичките предмети и дигиталните процеси на хуманистичките науки.
Е–лабораторија на секој модул ја прикажува употребата и корисноста на одредени алатки за дигитални хуманистички науки (ДХН алатки) во комбинација со пракса. Насоките и најкорисните упатства беа внимателно избрани како предлог за обука на корисниците за алатката. Дополнително, тие се јасно илустрирани заедно со можностите кои ги нуди алатката според нејзината употреба во хуманистичките истражувања и педагогијата.
Учењето лице-в-лице е дизајнирано да се испорача преку 15 часа групни активности врз основа на претходниот начин на асинхроно учење. За време на сесиите лице в лице, наставниците ќе имаат можности за подлабоко учење преку дискусија за клучните точки од образовната содржина и со разјаснување на прашањата што ги проучувале. Тие можат да се запишат во групни активности кои промовираат размислување и практикување. Тие ќе бидат охрабрени да ги истражуваат дополнително коментарите за само-евалуација и евалуација од колегите добиени врз основа на нивните активности и резултати во фазата на асинхроно учење (10 онлајннаставни единици – 85 часа).
Наскоро ќе биде достапен целосен сет на детални упатства за поддршка на наставниците од средните училишта по хуманитарни науки да ја користат наставната програма за курсеви за дигитални хуманитарни науки. Материјалот наскоро ќе биде достапен онлајн на веб-страницата на проектот: https://www.enticing-project.eu/
Организациите кои работат на овој птоекто се: Универзитетот од Пелопонез (Грција), KMOP Policy Centre (Белгија, Institouto Ekpedeftikis Politikis (Институт за образовни политикиy, Грција), KMOP Скопје (Македонија), CARDET (Кипар) и Spectrum Research Centre CLG (Ирска).
За повеќе информации, ве молам постете ја официјалната веб-страна на проектот https://www.enticing-project.eu/ или контактирај те не на enticing-project@kmop.org.