Истражување на дигиталните хуманитарни науки и краудсорсингот со професори низ Европа: време е да соработуваме!

Проектниот тим на ENTICING работеше со професори од средни училишта во Грција, Кипар, Ирска и Македонија за да ги планираат и имплементираат првите пилот сесии за обука од наставната програма за краудсорсинг во дигитални хуманистички науки.

Тоа ја претставува првата голема можност за проектот да ја сподели оваа нова сеопфатна наставна програма со професорите во земјите партнери со цел да ги подобрат нивните вештини и компетенции во областа на дигиталните хуманистички науки. Под дигитални хуманистички науки подразбираме интердисциплинарно поле кое ги комбинира традиционалните хуманистички предмети како литература, историја и филозофија со дигитални технологии. Целта на наставната програма на ENTICING е да ги поддржи вештините за дигитална писменост и дигиталната педагогија на професорите во средните училишта со цел да користат дигитални алатки и методи за анализирање, интерпретирање и споделување на податоците и истражувањата поврзани со хуманистичките науки со нивните ученици. Сепак, вистинската иновација на наставната програма лежи во употребата на crowdsourcing како пристап кон наставата и учењето на дигиталните хуманистички науки.

Кога зборуваме за crowdsourcing во проектот ENTICING, се мисли на практиката на добивање идеи, содржини и придонеси од широк опсег на луѓе, типично студенти и ученици преку користење на дигитални методи. Целта на краудсорсингот е да се искористи колективната интелигенција, вештините и ресурсите на „толпата“ за да се постигне задача или да се реши проблем. Користењето на овој пристап во наставата по дигитални хуманитарни науки е во фокусот на пилотирањето на ENTICING наставната програма и бидејќи не постои таква практика за одржување на настава за професорите од средните училишта во сите партнерски земји, предложената обука претставува значајна иновација.

За да се овозможи доволно време да се истражат темите на проектот и самата наставна програма, пилот-сесиите за обука опфаќаат до 15 часа учење лице-в-лице кои се однесуваат на потребите и интересите за континуирана професионална надоградба на професорите. Во Грција и Кипар обуката беше успешно спроведена во април месецв, лице-в-лице и онлајн со 63 професори. Локалните пилот обуки во Ирска и Македонија ќе се одржат овој месец пред крајот на учебната година. Целта е да се опфатат околу 80 професори во сите четири земји; огромниот интерес од професорите до сега изгледа ветувачки за последните сесии за обука во мај.

Наставната програма ENTICING – Дигитлани хуманистички науки има низа задолжителни и изборни модули поврзани со хуманистичките науки, вклучително иновативна содржина и разновидни методи за краудсорсинг, кои можат да бидат корисни за сите членови на училишната заедница, решавајќи прашања како што се интердисциплинарноста и дигиталната писменост. Севкупно, наставната програма опфаќа 100 часа учење за професори поделени на 10 модули со комбинација на мастер-клас, активности за експериментално учење, мултимедијални ресурси и складиште на релевантни студии на случај кои можат да се реплицираат директно во училницата.

За да дознаете повеќе за проектот ENTICING и за пристап до наставната програма за Дигитлани хуманистички науки, можете да ја посетите веб страницата на проектот: https://www.enticing-project.eu/

Организациите кои работат заедно на проектот ENTICING се Универзитетот од Пелопонез (Грција), KMOP Policy Centre (Белгија), Institouto Ekpedeftikis Politikis (Institut of Educational Policy, (Грција),КМОП Скопје (Македонија), CARDET (Кипар) and Spectrum Research Centre (Ирска).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *