Градење на дигитална подготвеност за наставниците по хуманистички науки: препораки за политики за краудсорсинг во дигиталните хуманистички науки во рамки на образованието

Објавен е извештај насловен како „Подобрување на дигиталната подготвеност за наставниците по хуманистички науки“, во кој се наведени значајни препораки за политики за промовирање на употребата на дигитални хуманистички науки (ДХ) во образованието. Извештајот, во согласност со агендата за дигитална образовна политика на Европската унија, е објавен како дел од проектот Еразмус+ ENICING и дава предлози засновани на докази за интегрирање на краудсорсингот во дигиталните хуманистички науки во средните училишта.

Дигиталните хуманистички науки се појавија како динамично поле кое поттикнува иновативни истражувачки и образовни алатки како што е краудсорсингот. Извештајот го нагласува значењето на континуираните иновации во образованието и се усогласува со Акциониот план за дигитално образование на ЕУ, кој се фокусира на долгорочна дигитална трансформација и подобрување на дигиталните вештини и компетенции.

Извештајот вклучува национални извештаи за секоја земја-партнер на проектот, нудејќи конкретни препораки за промовирање на краудсорсингот во дигиталните хуманистички наук: Во Белгија, се препорачува да се поттикне соработката помеѓу едукаторите на дигиталните хуманистички науки и културните институции. Кипар треба да обезбеди обука на наставниците и поддршка за ефективно користење на краудсорсингот. Грција треба да размисли за продолжување на дидактичките часови, вклучување интердисциплинарни сесии, воспоставување дигитални капацитети и создавање онлајн алатка/платформа за краудсорсингот во дигиталните хуманистички науки. Ирска треба да ја интегрира технологијата во традиционалните предмети за да ги подобри резултатите од учењето. Македонија треба да ја прилагоди училишната програма, да изгради капацитет за подобрување на образованието за дигитални вештини и да ја подигне свеста.

На европско ниво, се предлага да се развие повеќејазична интерактивна групна онлајн платформа со алатки за дигитален хуманистички краудсорсинг, да се воведе флексибилност во настава за вклучување на креативност во училишната програма, да се финансираат последователни проекти, да се воспостават партнерства помеѓу училишта и универзитети и да се создаде Европска образована мрежа.

Извештајот, исто така, се фокусира на водич за преносливост и проширување на проектот ENTICING, обезбедувајќи совети за ефикасно спроведување на краудорсинг проекти во различни контексти. Истакнува стратегии како што се широка промоција, интеграција во постоечките наставни програми, повеќејазични интерактивни MOOC курсеви, летни школи, размена на знаење, соработка и отворен пристап.

Понатаму, извештајот нуди упатства за училишните власти за краудсорсингот во дигиталните хуманистички науки, прикажувајќи ги придобивките и за наставниците и за учениците. Го охрабрува заедничкото создавање на образовни содржини, идентификација на ресурсите на културното наследство, вклученост на заедниците и имплементација на ENTICING програмата преку партнерства со локалните власти, заедниците и другите училишта.

Целосниот извештај наскоро ќе биде достапен на веб-страницата на проектот.

За проектот

Проектот ENTICING има за цел да ги спои придобивките од краудсорсинг со потребата за надоградување на дигитална подготвеност на наставниците по хуманистички науки во средните училишта преку зајакнување на нивните способности со нови алатки кои ќе го подобрат квалитетот на нивната настава и во исто време ќе ги направат подготвени да реагираат брзо во услови на итност. За таа цел, проектот ќе развие иновативна, приспособена и ко-дизајнирана програма за обука за да ги едуцира наставниците за употребата на краудсорсинг во дигиталните хуманистички науки и да ги поддржи во подобрувањето на квалитетот на нивната настава.

ℹ️ За повеќе информации, ве молиме контактирајте нé на enticing-project@kmop.org

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *