Успешно имплементиран настан за дисеминација – Воведување на краусорсинг во дигиталните хуманистички науки во образованитето

На 25.05.2023 година во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино , КМОП Скопје одржа настан: „Crowdsourcing во дигитални хуманистички науки во образованието“. Настанот се одржа од 10:00 до 11:30 часот и опфати група од 20 наставници.

Настанот обезбеди можност учесниците да ги истражат целите, активностите и резултатите на проектота, а започна со активности за кратко претставување на учесниците и нивните области на интерес во академската заедница. Преку добро структуирана агенда со активности и подготвена презентација, учесниците имаа можност да ги истражат образовните ресурси, платформата и е-курсот.

Со оглед на различните начини на учење на учесниците, фасилитаторот презентираше дел од мултимедијалните ресурси достапни на платформата. Преку спроведените активности, учесниците имаа можност да ги развијат своите дигитални вештини и дигитална писменост и да се вклучат во отворени дискусии за важноста на концептот на crowdsourcing во дигиталните хуманистички науки.

Различната група на учесници вклучи вкупно 20 наставници специјализирани за јазици и литература (македонски, француски и англиски јазик), спорт, етика, историја и наука. Еден од најважните моменти на настанот беше мотивацијата на учесниците да научат повеќе за концептите на дигиталните хуманитарни науки и crowdsourcing во дигиталните

хуманистички науки. Тие беа мотивирани да ја споделат онлајн платформата и образовните ресурси со своите колеги.

Учесниците стекнаа продлабочено знаење и разбирање за тоа како да се примени crowdsourcing во дигиталните хуманистички науки како иновација во училиштето и да се зголеми квалитет на образованието.

За да дознаете повеќе за проектот ENTICING и за пристап до наставната програма за курсеви за дигитални хуманитарни науки, ве молиме посетете ја веб-страницата на проектот: https://www.enticing-project.eu/

Еразмус+ проектот ENTICING е координиран од Универзитетот на Пелопонез (Грција), во партнерство со Центарот за политики на КМОП (Белгија), Институто Екпедефтикис Политикис (Грција), КАРДЕТ (Кипар), Центар за истражување на спектарот (Ирска) и КМОП Скопје (Република Северна Македонија).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *