За проектот

Заедничката работа е од витално значење во секој успешен потфат, а споделувањето идеи е особено важно во образованието. Краудсорсинг (crowdsourcing) – односно добивање информации за најдобрите практики од различни луѓе и/или извори – е важен метод за подобрување на начинот на кој  наставниците предаваат а учениците учат. Краудсорсинг во училишното образование покажа успешни ефекти врз резултатите на учениците во многу земји. Слично на другите професии, едукаторите користат техники на краудсорсинг во подготовката на наставните часови.

Во овој контекст, проектот ENTICING има за цел беспрекорно да ги спои придобивките од краусорсингот со потребата за надоградување на дигитална подготвеност на наставниците по хуманистички науки во средните училишта преку зајакнување на нивните способности со нови алатки кои ќе го подобрат квалитетот на нивната настава и во исто време ќе ги направат подготвени да реагираат брзо во услови на итност. За таа цел, проектот ќе развие иновативна, приспособена и ко-дизајнирана програма за обука за да ги едуцира наставниците за краудсорсинг во дигитални хуманистички науки и да ги поддржи во подобрувањето на квалитетот на нивната настава.

КОЈ ЌЕ БИДЕ ВКЛУЧЕН?

Наставници по хуманистички науки во средните училишта

ИКТ училишни едукатори и училишни директори

Ученици во средно училиште

Образовни институции, академски и истражувачки научници

Формални и неформални образовни провајдери и обучувачи и училишни наставници кои ќе имаат пристап до новото знаење

Граѓанското општество и клучните чинители

Јавните власти

Пошироката јавност