ЗБОГАТУВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА КРАУДСОРСИНГ ВО ДИГИТАЛНИТЕ ХУМАНИСТИЧКИ НАУКИ
Проектот ENTICING има за цел да ги спои придобивките од краудсорсинг со потребата за надоградување на дигитална подготвеност на наставниците по хуманистички науки во средните училишта преку зајакнување на нивните способности со нови алатки кои ќе го подобрат квалитетот на нивната настава и во исто време ќе ги направат подготвени да реагираат брзо во услови на итност.
КАКО ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ ТОА?
Преку развивање на приспособен курс за обука за наставници за краудсорсинг во дигитални хуманистички науки
Преку оспособување на наставниците со вештини за примена на дигитални концепти и пристапи во хуманистичките науки во нивната настава
Преку дизајнирање и одржување на архива на ресурси за дигитални хуманистички иницијативи и алатки кои ќе го зголемат капиталот на знаење на наставниците и достапноста на квалитетни ресурси
Преку развивање на дигитална платформа која ќе служи како транснационална алатка за наставниците да бидат домаќини на нивните групни иницијативи за краудсорсинг
Преку развивање на насоки и препораки за интеграција и примена на дигитални технологии во хуманистичките науки во средните училишта
Преку придонес во транснационалната соработка меѓу наставниците и релевантните засегнати страни
ПРОЕКТНИ ПАРТНЕРИ
УНИВЕРЗИТЕТ ПЕЛОПОНЕЗ, Грција
INSTITOUTO EKPEDEFTIKIS POLITIKIS, Грција
ЦЕНТАР ЗА ЗЕМЕЈНО И ДЕТСКО ЗГРИЖУВАЊЕ – КМОП СКОПЈЕ, Северна Македонија
КМОП - POLICY CENTER, БЕЛГИЈА
CENTRE FOR ADVANCEMENT OF RESEARCH AND DEVELOPMENT IN EDUCATIONAL TECHNOLOGY LTD-CARDET, Кипар