Проектниот тим ја креира и објави платформата ENTICING, што претставува простор простор за наставниците да го истражуваа краудорсингот, да соработуваат на различни дигитални хуманистички теми и да се вклучат во методологијата за краудсорсинг. Исто така служи како мрежа за размена на знаења и искуства со наставници од партнерските земји.
Платформата дава можност да се прикаже краудосрсингот како едукативна алатка. Структурата на платформата, која се состои од дел за е-учење, форум за дискусија и студии на случај, им нуди на корисниците сеопфатна подготовка за користење на новата алатка за самостојно е-учење за краудосрсинг и дигитални хуманитарни науки. Наставниот кадар може да анализира конкретни студии на случај и да учи од позитивните практики имплементирани во различни европски земји и пошироко. Понатаму, платформата овозможува размена на искуства и споделување на најдобрите практики меѓу самите членови.
Дизајнот на платформата им овозможува на наставниците да применуваат техники за краудсорсинг, да се вклучат во колаборативно учење и да комуницираат со другите наставници и учесници. Служи како простор за учење, олеснувајќи го трансферот на знаење и дејствувајќи како алатка за вмрежување меѓу наставниците. Дополнително, платформата служи како портал за прикажување и имплементирање на идеи за краудсорсинг. Тоа ја пополнува јазот меѓу сличните иницијативи во партнерските земји и претставува пример за понатамошни напори во оваа насока.
Функционирајќи како простор за учење и соработка, платформата им овозможува на наставниците кои ја користат платформата нови алатки за самостојно учење. Исто така, промовира трансфер и размена на знаење и градење мрежи, придонесувајќи за нивниот професионален развој. Иако примарни корисници се наставниците, платформата, исто така, им користи на сите образовни кадри (формални и неформални) како нова дигитална алатка за образование и обука. Платформата е достапна на англиски, грчки, француски и македонски јазик. Платформата е од отворен карактер и е широко дисеминирана од страна на партнерите кои го обезбедуваат нејзиниот потенцијал за зголемување и преносливост во партнерските земји и другите европски нации.
Можете да ја посетите и да се регистрирате на платформата овде https://platform.enticing-project.eu/
За да дознаете повеќе за проектот ENTICING и за пристап до наставната програма за курсеви за дигитални хуманитарни науки, ве молиме посетете ја веб-страницата на проектот: https://www.enticing-project.eu/
Организациите кои работат заедно на проектот ENTICING се University of the Peloponnese (Грција), KMOP Policy Centre (Belgium), Institouto Ekpedeftikis Politikis (Грција), CARDET (Кипар), Spectrum Research Centre (Ирска) и КМОР Скопје (С. Македонија).