Зајакнување на вештините на професорите од средните училишта во хуманистичките науки: Конференцијата ги истражува придобивките од дигиталните хуманистички науки и краудсорсингот во образованието

На 3 мај 2023 година, KMOP Policy Center беше домаќин на конференцијата „Колаборативна иднина: дигитални хуманистички науки и краудсорсинг во образовни контексти“ во Брисел. Настанот претставуваше панел за професионалци и претставници од различни европски организации, универзитети и од Европската комисија да ги споделат своите знаења и идеи за тоа како да се подобри дигиталното образование и користењето на краудсорсинг во образовни контексти.

Поконкретно, учесниците ги истражуваа придобивките од краудсорсинг со потребата да се надградат нивоата на дигитална подготвеност на професорите по хуманистички науки во средните училишта. Тие, исто така, ги претставија идеите за дигитални хуманитарни науки и краудсорсинг, разговараа за политиките на ЕУ за дигитално образование и за усовршување на професорите и ги презентираа добрите практики во дигиталното образование и релевантните проекти.

На конференцијата имаше клучни говорници, вклучително Ивана Јурага, офицер за образовни политики од Европска комисија – оддел за образование, млади, спорт и култура, Себастиен де Валериола, претседател на одделот за дигитални хуманистички науки при Универзитетот од Брисел, Марија Ксестерну, од Универзитет на Пелопонез, Михаела Протопапа од CARDET , како и партнерите од Грција, Кипар, Македонија, Ирска и Белгија.

Конференцијата беше организирана како дел од проект ENTICING. Проектот има за цел беспрекорно да ги спои придобивките од краусорсинг со потребата од надградување на дигитална подготвеност на професорите по хуманистички науки од средните училишта преку зајакнување на нивните компетенции и алатки кои ќе го подобрат квалитетот на нивната настава и во исто време ќе ги направат подготвени брзо да реагираат во услови на итност. Проектот ја нуди платформата ENTICING, која професорите по дигитални хуманитарни науки може да ја користат како алатка за краудсорсинг. Дополнително, таа обезбедува онлајн курс и упатства за подготвување на професорите со потребните знаења и вештини за тоа како да ги применат техниките за краудсорсинг. Проектот е кофинансиран од програмата Еразмус+, а неговиот конзорциум го сочинуваат партнери од пет европски земји.

За повеќе инфирмации, може да ја посетите веб страницата на проектот: https://www.enticing-project.eu/.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *